ПРЕПОЛОВЕН БОЛИДОТ НА МИК ШУМАХЕР Трката во Монако се претвори во хаос
Шумахер стана од болидот, а едно време се стравуваше дека тој е тешко повреден, имајќи ги во предвид страшните слики од неговиот болид.
После проблемите со стартот на трката во Монако и повлекувањето на возачите во боксовите по обилен дожд, во 28-миот круг од „вториот почеток“ се случи инцидент, откако Мик Шумахер, возачот на Хаас загуби контрола и удри во заштитната ограда, по што неговиот болид се преполови.
Организаторите најпрво покажаа две жолти знамиња, а потоа и црвено знаме за возачите повторно да се вратат во боксовите, и да се почека да се исчистат остатоците.
Шумахер стана од болидот, а во едно време се стравуваше дека тој е тешко повреден, имајќи ги во предвид страшните слики од неговиот болид.
Durísimo choque contra la barrera de Mick Schumacher. El Haas partido al medio. Bandera amarilla. Nos alegramos de que Mick está bien.#F1 #MonacoGP pic.twitter.com/HoUYEOmEF4
— fastdebrief (@fastdebrief) May 29, 2022