ПРЕОВЛАДА ЧУВСТВОТО ЗА ЕВРОАТЛАНТСКА ОРИЕНТАЦИЈА Али Ахмети вели дека НАТО и Косово не смеат да се негираат
Веројатно алудирајќи на пратеникот Кастриот Реџепи од Беса и неговото непојавување на собраниската седница, Ахмети поентираше дека дека пријателството со САД и ЕУ е без алтернатива.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со неуспешниот обид на опозицијата да ја собори Владата на Зоран Заев, напиша пост на Фејсбук.
Веројатно алудирајќи на пратеникот Кастриот Реџепи од Беса и неговото непојавување на собраниската седница, Ахмети поентираше дека дека пријателството со САД и ЕУ е без алтернатива.
„Пријателството со САД и ЕУ, но и со земјите од регионот е без алтернатива и неприкосновено под никакви услови и под никакви околности. Денес преовладуваше совеста за заедничките достигнувања, слободата, еднаквоста, правдата, добрососедството, евроатлантската ориентација на нашата земја и сигурната про-западна иднина. На нашата земја ѝ треба повеќе безбедност, повеќе стабилност и целосна политичка предвидливост. Негирањето на Охридскиот, Преспанскиот договор, добрососедството, но и НАТО, Европската Унија, Република Косово, албанскиот јазик не може да имаат место овде. Како што ви кажав, нема да се однесуваме со емоции или еуфорија“, напиша тој.