ПРЕНЕСУВАЛ ВО ЖИВО НА ИНСТАГРАМ ДОДЕКА Ѝ ПУКАЛ НА ЖЕНА ВО ЧЕЛО Полицијата во Босна трага по монструмот

Гледањето на ова видео не се препорачува поради неговата исклучително вознемирувачка содржина.

862

Корисник на социјалната мрежа Инстаграм утринава објави вознемирувачко видео на кое, како што тврди, ја убива сопругата. Засега полицијата наведува дека во градот Градачац имало пукање и дека се ранети две лица, а се трага по напаѓачот, пренесува Кликс.ба.

Како што потврдуваат за Кликс.бa од полициската управа на Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла, нивните службеници добиле пријава за употреба на огнено оружје во Градачац.






Оттаму информираат дека полициски екипи во моментов се на терен и дека се утврдуваат сите факти.

Еден човек објави видео со исклучително вознемирувачка содржина на социјалната мрежа Инстаграм, порачувајќи им на гледачите дека во живо ќе видат убиство.

На видеото потоа се гледа како тој земал пиштол и испукал куршум во челото на женско лице. Исто така, на видеото може да се слушне плачот на дете кое било во непосредна близина.

Гледањето на ова видео не се препорачува поради неговата исклучително вознемирувачка содржина.

Полицијата во моментов трага по престрелката во Градачац, а сите активности ги спроведува во соработка со Кантоналното обвинителство во Тузла. Медиумот стапи во контакт со оваа судска институција од која не можеа да ни кажат детали за случајот во Градачац, наведувајќи дека се утврдуваат сите детали.

Поврзани содржини