ПРЕМНОГУ ПОЛИТИЧАРИ ВО ЕВРОПА САКАА КРАЈ ЗА ЈУГОСЛАВИЈА Познатиот американски економист и советник на Анте Марковиќ зборуваше за распадот на поранешната држава
Кога го предложив тоа за Југославија, Европа го отфрли. Европа не сакаше Југославија да опстане. Тие сакаа да ја видат распадната. Верувам дека резултатите беа генерално штетни иако, се разбира, многу од земјите наследнички се среќни поради нивната независност, изјави за НИН американскиот економист и професор на Универзитетот Колумбија, кој му беше советник на југословенскиот премиер Анте Марковиќ во 1990-тите.
Џефри Сакс американски економист, професор на Универзитетот Колумбија, кој беше советник на југословенскиот премиер Анте Марковиќ во 1990-тите, изјави во интервју за НИН дека верувал во спас на Југославија, но дека „премногу политичари во Југославија и во Европа сакаа да ѝ стават крај на Југославија, а не да ја спасат“.
– Главната работа што ја препорачав во 1989 година во поранешна Југославија, Полска, Советскиот Сојуз, а подоцна и Русија беше глобалната соработка со регионот во криза за да се излезе од хаосот. Она што го советував во секој од тие случаи, вклучително и Југославија, беше финансиска надворешна помош за да се стабилизираат финансиите во нестабилна ситуација – објасни Сакс.
– Кога го предложив тоа за Југославија, Европа го отфрли. Европа не сакаше Југославија да опстане. Тие сакаа да ја видат распадната. Верувам дека резултатите беа генерално штетни иако, се разбира, многу од земјите наследнички се среќни поради нивната независност – изјави Сакс.
Потсетувајќи на Големата депресија од минатиот век во светот, тој оцени дека „не е веројатен економски колапс, но веројатна е растечка економска слабост“.
– Економската криза не е толку актуелна или тешка како во 2008 година, додека глобалната геополитичка криза е најлоша од крајот на Втората светска војна. Тука е не само војната во Украина, туку и војната на Блискиот Исток и зголемените тензии меѓу САД и Кина во Источна Азија. Иако денес изгледа неверојатно, го изложи целиот свет на закана од нуклеарна војна – предупреди Сакс.
Тој рече и дека денешна Србија со право се стреми да одржува добри дипломатски односи со сите партнери – САД, Русија, Европската унија (ЕУ), земјите од Заливот, Кина и други.
– Ако нешто не им се допаѓа на САД, тоа е неутралноста. Ти си со нас или си против нас“, тоа е нивната стандардна позиција, која се заснова на ароганција и речиси никогаш не успева – нагласи тој.
Дипломатот смета дека Србија и балканскиот регион воопшто ќе напредуваат со мир, обновување на економските односи меѓу ЕУ и Русија, одржување на отворена трговија и соработка со Кина, силни економски односи меѓу Балканот и Блискиот Исток, мир во Палестина (имплементација на решението за две држави за Израел и Палестина под надзор на Обединетите нации) и европското партнерство со кинеската иницијатива „Појас и пат“.