Премиерот Штајех: Палестинскиот народ е единствен во отпорот кон израелските напади

Сепак, поради агресивните напади на окупацискиот израелски режим врз нашиот народ во Ал Кудс, Ал Акса и Појасот Газа, претседателот Абас ги откажа сите прослави по повод Бајрам. Сега сите заедно се бориме против израелските напади - истакна Штајех.

204

Палестинскиот премиер Мухамед Штајех изјави дека палестинскиот народ со силно единство им се спротивставува на израелските напади во окупираните Ал Кудс и Појасот Газа.

Штајех по повод Рамазан бајрам го посети гробот на Јасер Арафат, легендарниот палестински лидер, во градот Рамала на Западниот Брег.






Притоа, во име на палестинскиот претседател Махмуд Абас и во свое лично име на сите Палестинци им го честиташе денешниот празник.

– Сакаме овој празник да донесе радост и среќа во срцата на нашите деца, жени и возрасни луѓе. Сепак, поради агресивните напади на окупацискиот израелски режим врз нашиот народ во Ал Кудс, Ал Акса и Појасот Газа, претседателот Абас ги откажа сите прослави по повод Бајрам. Сега сите заедно се бориме против израелските напади – истакна Штајех.

Поврзани содржини