ПРЕМИЕРОТ НА РОМАНИЈА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА Одлучи да не го чека вториот круг на гласање
Премиерот на Романија, Марсел Чолаку, поднесе оставка, откако вчера десничарот Џорџе Симион победи во првиот круг на претседателските избори вчера.
По ваквиот резултат на изборите, Чолаку кажа дека неговата коалиција не ги исполнила целите и веќе нема легитимитет.
– Во декември беше формирана владејачка коалиција со две цели: да обезбеди стабилна влада и да обезбеди кандидат кој ќе победи на претседателските избори во Романија. Не успеавме да постигнеме една од тие две цели. Го видовме гласањето на Романците вчера, тоа значи дека владејачката коалиција нема легитимитет – изјави Чолаку, пренесуваат локалните медиуми.
Симион, кого често го нарекуваат романскиот Доналд Трамп, освои над 40% гласови и ќе биде голем фаворит во вториот круг на 18 мај, кога ќе се соочи со либералниот градоначалник на Букурешт, Никушор Дан.
Политичката криза во Романија продолжува откако на кандидатот од десницата, Калин Ѓорѓеску, му беше забрането да се кандидира на претседателските избори.