Гостиварскиот градоначалник и генерален секретар на политичката партија Алијанса за Албанците, Арбен Таравари нема намера да му се извини на Зоран Заев, по изјавата од пред неколку дена дека премиерот нудел пари на пратеничка за да го зголеми парламентарното мнозинство.
Тој знае дека и јас знам. Ако ги решил другите проблеми и покрупни прашања, слободно нека ме тужи, тука сум. Меѓутоа ќе дојде времето кога за оваа работа ќе се прозбори јавно. Бидејќи сме во хибриден режим и не сакам да вовлекувам нашите пратеници во непријатна ситуација, оваа приказна и таа тема ќе ја завршам тука – изјави Таравари.
Таравари неодамна во телевизиско интервју обвини дека низ земјава се „шетало со куфери полни пари” и оти пратеничка од редовите на Алијанса за Албанците добила понуда од пријатели на премиерот да премине од опозиција во владејачкото мнозинство. Премиерот најава за тужба доколку Таравари не се извини за кажаното.