„ПРЕМИЕРЕ, НИЕ СИ ОДИМЕ, НО ПОД ЕДЕН УСЛОВ“ Министрите од ДУИ доставиле писмени оставки до Ковачевски
Оставки, г. Премиере, автоматски се ефективни во моментот кога опозицијата ќе ги изгласа уставните измени“, се вели во дел од писмото кое го испратиле министри на ДУИ до премиерот Димитар Ковачевски.
Сите министри од ДУИ денеска испратиле писмо до премиерот Димитар Ковачевски со кое го известуваат дека потпишале оставки од функциите кои ги извршуваат, дознава ТВ21.
Според наши информации, во писмото испратено до премиерот пишува уште дека оставките стануваат ефективи веднаш откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка и гласа уставни измени.
„Ние, министрите и владините функционери од редовите на Демократската унија за интеграција, поднесуваме оставки од функциите што во моментов ги извршуваме! Оставки, г. Премиере, автоматски се ефективни во моментот кога опозицијата ќе ги изгласа уставните измени“, се вели во дел од писмото кое го испратиле министри на ДУИ до премиерот Димитар Ковачевски.