Преку фондот за борба со ковид-19 се собрани над 3,8 милиони евра

Секој од нас треба да се посвети за да ја надминеме нееднаквоста. Да си подадеме рака како луѓе, како комшии, како пријатели - напиша премиерот.

236

Поединци, компании и институции во изминатиот период, заклучно со денеска, во солидарниот државен фонд за борба со коронавирусот донираа повеќе 3.882.290 евра, соопшти премиерот Зоран Заев на Фејсбук, по повод 20 Декември – Меѓународниот ден на човечката солидарност.

– Завршуваме една од најтешките години во постоењето на нашата држава. Се соочивме со планетарна криза која верувам го извади најдоброто од човештвото – солидарноста. Изминатава година секој од нас помага на свој начин на оние кои се најранливи и на кои им е потребна помош. Гест, насмевка, помош да се испазари за оние кои се во изолација, донација, кој колку може. Верувам дека и себе и на останатите им покажавме што значи солидарност на дело. Успеавме да се сплотиме и да функционираме како едно и така треба да продолжиме и во иднина. Преку личен пример ве повикувам кој колку може да донира средства или да избере друг начин и да ја покаже својата љубезност кон сограѓаните. Секој од нас треба да се посвети за да ја надминеме нееднаквоста. Да си подадеме рака како луѓе, како комшии, како пријатели – напиша премиерот.






Во објавата на Заев на неговиот фејсбук-профил е наведен и линк до листата со донатори за поддршка за справување со коронавирусот:

Поврзани содржини