ПРЕКУ ДЕН СОНЧЕВО И ТОПЛО, ПОПЛАДНЕ ПОРОЕН ДОЖД Почнете да користите крема за сончање

481

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. UV индексот ќе биде 8.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во вечерните часови во делови од колината ќе има услови за пороен дожд и грмежи.






Минималната температура утре ќе се движи од 11 до 18 степени, а максималната од 23 до 35 степени.

Во Скопје минималната температура ќе биде 16, а максималната 31 степен.

Поврзани содржини