ПРЕКИНАТО ГЛАСАЊЕТО ВО МАТЕЈЧЕ Откажал апаратот за читање отпечатоци

Имавме утрово прекин од дваесет минути на гласачко место во село Матејче, поради технички проблеми со апаратот за читање отпечаток од прст и таму гласањето ќе продолжи до 19:20 часот, а во останатите места сè е тековно и гласањето се одвива непречено, информираше претседателката на ОИК, Ајше Демири.

317

Гласањето во Куманово и кумановско се одвиваше без значителни проблеми, со исклучок на гласачко место во село Матејче, каде според претседателката на ОИК, Ајше Демири, имало технички проблеми.

-Имавме утрово прекин од дваесет минути на гласачко место во село Матејче, поради технички проблеми со апаратот за читање отпечаток од прст и таму гласањето ќе продолжи до 19:20 часот, а во останатите места сè е тековно и гласањето се одвива непречено, информираше претседателката на ОИК – Ајше Демири.






Во Липково право на глас имаат 26.042 избирачи кои гласаат на 36 места. Според ДИК, излезеноста во оваа општина до 17 часот е 28,28 отсто.

Во Старо Нагоричане право на глас имаат 3.262 гласачи кои правото на глас го остваруваат на 38 места.

– Во избирачко место во село Рамно, високо планинско место имаше прекин кој траеше помалку од еден час заради проблеми со апаратот за читање отпечаток од прст и таму гласањето ќе си се заврши до 19 часот, нема да се продолжи, бидејќи има мал број на гласачи. Тековно си оди гласањето – изјави заменик-претседателката на ОИК Старо Нагоричане, Славка Стефановска-Цветковска. Според ДИК, излезеноста во оваа рурална општина до 17 часот е 48,25 отсто.

Поврзани содржини