ПРEКИНАТА Е ПОТРАГАТА ПО 16-ГОДИШНОТО ДЕВОЈЧЕ ВО ВАРДАР Ноќеска нема услови, ќе продолжи утре

Утре рано наутро, екипите со взаемна меѓусебна координација ќе продолжат со потрагата, информираат од Центарот за управување со кризи.

7,824

Потрагата по исчезнатото 16-годишно дете во реката Вардар, во Градско, е привремено прекината поради лоши услови за претрага во текот на ноќта.

„Дежурниот оперативен центар на ЦУК е известен дека екипите кои вршеа претрага ќе се повлечат поради немање минимум соодветни услови за претрага во ноќни услови. Утре рано наутро, екипите со взаемна меѓусебна координација ќе продолжат со потрагата“, информираат од Центарот за управување со кризи.






Инцидентот бил пријавен попладнево во СВР Велес – дека две женски лица, едно на возраст од 16, а друго на 26 години, потонале во водите на Вардар кај селото Уланци, општина Градско.

„По пристигнување на местото, 26-годишната девојка е пронајдена жива, а по 16-годишното дете сè уште се трага“, соопштија вечерва од СВР Велес.

ПОТРАГА СО ЧАМЦИ ПО 16-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ВО ВАРДАР Од реката извлечена 26-годишна жена

Поврзани содржини