ПРЕХРАНБЕНИТЕ БОИ МОЖАТ ДА БИДАТ ОПАСНИ Претставуваат ризик за некои болести, а најмногу ги има во пијалаците, слатките и печивата

Она што вие како потрошувач можете да го направите за да се заштитите себеси и вашето семејство е внимателно да ги читате декларациите на пакувањата, колку и да е тоа заморно. Најдобро е да составите листа на адитиви кои треба да ги избегнувате и со неа да пазарувате. Бидејќи голем број адитиви се повторуваат, за релативно кратко време ќе научите што има во што и соодветно ќе ги обликувате вашите понатамошни потрошувачки навики.

141

Веројатно ви е тешко да ги читате декларациите на храната бидејќи тешко дека ќе прочитате што пишува таму, а доколку успеете да го направите тоа ќе се соочите со многу неразбирливи информации за голем број состојки во само еден производ.

За потрошувачите е проблематично што за еден ист адитив се користат различни називи, кој понекогаш е толку општ што на крајот не знаеме, ниту можеме да знаеме што точно има во производот. Но, ваквото поигрување со потрошувачите од страна на прехранбената индустрија не треба да не обесхрабрува да обрнуваме внимание на такви работи.






Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини