ПРЕГРАТКИТЕ И БАКНЕЖИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА МИТИНЗИТЕ СКАПО ГО ЧИНАТ Мицотакис закачил корона

Прегратките и бакнежите во предизборниот период секогаш се многу пријатни, но понекогаш имаат и цена. Денеска се тестирав за ковид и сум позитивен - вели Мицотакис во видеото.

973

Преку видео објавено на социјалната мрежа Инстаграм, претседателот на Нова демократија до неодамна премиер на Грција, Кирјакос Мицотакис, соопшти дека е позитивен на ковид-19 и дека следните денови ќе ги помине дома, а ја откажа и неговата посета на Света Гора планирана за викендов, јави дописничката на МИА од Атина.

– Прегратките и бакнежите во предизборниот период секогаш се многу пријатни, но понекогаш имаат и цена. Денеска се тестирав за ковид и сум позитивен – вели Мицотакис во видеото.






Тој објаснува дека посетата на Света Гора ќе остане за некој момент во иднина, но и дека ќе продолжи да објавува видеа на Тик-Ток.

Поврзани содржини