ПРЕГОВОРИТЕ ЗА МИР ВО УКРАИНА ТРЕБА НЕ ТРЕБА ДА СЕ ЈАВНИ Кремљ преговара зад затворени врати

Москва го смета документот од 20 точки, изготвен од Украина и од САД, само за почетна точка за понатамошни преговори, бидејќи не содржи одредби важни за Русија и не дава одговори на бројни прашања.

227

Руската страна сè уште верува дека преговорите за решение на конфликтот во Украина треба да се водат зад затворени врати, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Тој додаде дека руската страна продолжува да работи под претпоставка дека преговорите за решавање на конфликтот во Украина не треба да бидат јавни.






РБК го контактираше прес-секретарот на рускиот претседател за коментар за соопштението на Блумберг за наводните планови на Москва да бара измени во мировниот план од 20 точки објавен од украинските медиуми.

Москва го смета документот од 20 точки, изготвен од Украина и од САД, само за почетна точка за понатамошни преговори, бидејќи не содржи одредби важни за Русија и не дава одговори на бројни прашања, изјави претходно за Блумберг неименуван извор од Кремљ.

Кремљ претходно нагласи дека нема намера да разговара за мировниот план за Украина преку медиумите.

 

МОЖНО Е УКРАИНСКО ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД ИСТОК И ЕКОНОМСКА ЗОНА Зеленски претстави нов план со 20 точки, не се спомнува НАТО?

Поврзани содржини