ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИЗРАЕЛСКИТЕ ЗАЛОЖНИЦИ СЕ ПРИ КРАЈ Се чека конечно одобрување од Хамас

Реков дека изгледа многу подобро од претходно, но не сакам да кажам повеќе од тоа бидејќи сфаќам дека некои семејства се чувствителни на секој збор и на секоја реченица, појасни министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар.

161

Министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар, изјави дека е постигнат напредок во тековните преговори за постигнување договор за прекин на огнот, објави Тајмс оф Израел.

– Постигнат е напредок; гледаме одреден напредок во преговорите. Израел сака договор за заложниците. Израел работи со нашите американски пријатели за да постигне договор за заложниците, а наскоро ќе знаеме дали и другата страна го сака истото – рече Саар на прес-конференција во Ерусалим, заедно со неговиот дански колега, Ларс Локе Расмусен, во посета на земјата.






Запрашан за временската рамка за потенцијален договор, Саар потврди дека има напредок.

– Реков дека изгледа многу подобро од претходно, но не сакам да кажам повеќе од тоа бидејќи сфаќам дека некои семејства се чувствителни на секој збор и на секоја реченица – појасни тој.

Саар вели дека Израел работи и со администрацијата на Бајден во заминување и со администрацијата на Трамп и дека се надева дека набргу ќе се оствари договор, но дека тоа допрва треба да се докаже.

ХАМАС И ИЗРАЕЛ ЌЕ СИ ПОДАДАТ РАКА? Има напредок во преговорите за прекин на огнот

Поврзани содржини