ПРЕГОВОРИТЕ РУСИЈА-УКРАИНА ПРЕКИНАТИ Нема напредок, но секоја војна завршува на масата за разговори

Денеска преговарачкиот процес е суспендиран. По коминикето во Истанбул, нема никакви промени, нема напредок. Руската Федерација останува во своето стереотипно размислување. Но, секоја војна завршува на преговарачка маса, додаде Подољак.

323

Михаил Подољак, советник на украинскиот претседател,  изјави дека руско-украинските преговори се прекинати. Процесот е запрен, но тоа не значи дека страните на крајот нема да седнат на преговарачка маса.

Подољак рече дека барањата на руската страна не се променети, за разлика од ситуацијата на фронтот.






– Денеска преговарачкиот процес е суспендиран. По коминикето во Истанбул, нема никакви промени, нема напредок. Руската Федерација останува во своето стереотипно размислување. Но, секоја војна завршува на преговарачка маса – додаде Подољак.

Поврзани содржини