Прегазил старица и побегнал, тешко повреден велосипедист oд Ресен
Приведен турски државјанин кој сакал со лажна зелена карта да влезе во земјата.
УДРИЛ БАБА И ПОБЕГНАЛ – На 06.10.2020 во 19.15 часот било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, непознато возило удрило во пешакот Н.Т.(80) од Скопје, по што го напуштило местото на незгодата. Во незгодата, Н.Т. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.
ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВЕЛОСИПЕДИСТ ВО РЕСЕН – На 06.10.2020 во 12.35 часот било пријавено дека на ул.„11 Октомври“ во Ресен патничко возило „даеву ланос“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(29), удрило во велосипед, управуван од Е.И.(64), двајцата од Ресен. Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од ОВР Ресен.
МУ НАШЕЛ МАРИХУАНА ВО ЏЕБОТ – На 06.10.2020 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Кисела Вода го лишиле од слобода Ф.Л.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ТУРЧИН СО ЛАЖНА ЗЕЛЕНА КАРТА САКАЛ ДА ВЛЕЗЕ ВО ЗЕМЈАТА – На 06.10.2020 во 11.15 часот на Граничен премин „Деве Баир“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа-зелена карта“, од слобода бил лишен А.Ф.(34) од Р.Турција. На граничниот премин тој пристигнал со товарно возило и на увид приложил фалсисфикувана зелена карта. Лицето било предадено на полициски службеници од ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка.
ГО ПРИВЕЛЕ ЗОШТО ИМА МАРИХУАНА – На 06.10.2020 во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода А.Т.(18) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ТРОЈЦА АЛБАНЦИ ПРИВЕДЕНИ ПОРАДИ НЕЛЕГАЛЕН ПРЕСТОЈ – На 06.10.2020 во 20.50 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, при вршење служба од полициски службеници од СВР Тетово, биле затекнати Е.Л.(27), Е.Р.(21) и Ф.Ш.(45), сите од Р.Албанија. Поради непријавен престој тие биле приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка.
ГО КАСНАЛО КУЧЕ СКИТНИК – На 06.10.2020 во 00.15 часот во Полициската станица Бит Пазар Б.К.(24) од Скопје пријавил дека на ул.„Самоилова“ бил каснат од куче скитник.
ПРИЈАВИЛ НАПАД ОД УЛИЧНО КУЧЕ – На 06.10.2020 во 18.15 часот во Полициската станица Гази Баба, П.С.(49) од Скопје пријавил дека на ул.„Јани Лукровски“ бил каснат од куче скитник.