ПРЕГАЗЕНО ДЕВОЈЧЕ КАЈ СИТИ МОЛ Со автомобилот управувал 19-годишен скопјанец

764

Вечерва околу 19 часот возач со автомобил прегазил и повредил девојче на скопскиот булевар Партизански одреди кај „Сити мол“.

„Во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот Партизански Одреди во Скопје патничко возило ‘мини морис’ со скопски регистарски таблици, управувано од Л. Т. (19) од Скопје удрило во пешакот О.П.. По несреќата, пешакот е пренесен во ГОБ ‘8 Септември’ за укажување лекарска помош. Во тек е увид“, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Поврзани содржини