Прегазено дете во Скопје, тешко повреден градежен работник
Државјанин на Албанија фатен со лажна патна исправа.
ВОЗАЧ УДРИЛ ВО ДЕТЕ ВО СКОПЈЕ – На 14.10.2020 во 14.37 часот било пријавено дека на ул.„Крсте Асенов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген џета“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Џ.(46) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клинки „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
ДВАЕСЕТГОДИШНИЦИ ФАТЕНИ СО МАРИХУАНА – На 15.10.2020 во 00.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје во с.Волково ги лишиле од слобода М.М.(20) и З.З.(20), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
МУ НАШЛЕ МАРИХУАНА ВО ЏЕБОТ – На 14.10.2020 во 17.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Средно Нерези го лишиле од слобода Д.Т.(41) од Неготино, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ПРИВЕДЕН ДИЛЕР – На 14.10.2020 во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје кај клучка Арачиново го лишиле од слобода И.Е.(39) од Велес, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена кафеава прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
СО ЛАЖЕН ПАСОШ САКАЛ ДА ИЗЛЗЕ ОД ЗЕМЈАТА – На 14.10.2020 во 12.30 часот на граничниот премин „Табановце“ бил приведен В.О.(31) од Р.Албанија, поради постоење основи на сомнение дека употребил туѓа патна исправа. После тоа, полициски службеници извршиле личен и преглед на личниот багаж, при што пронашле бела прашката материја. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
ДЕТЕ КАСНАТО ОД КУЧЕ – На 14.10.2020 во 21.20 часот во Полициската станица Аеродром, В.З.(41) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ неговиот син бил каснат од куче скитник.
РАБОТНИК ЗАРАБОТИЛ ТЕШКИ ПОВРЕДИ – На 14.10.2020 во 11.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека во с.Черкези, кумановско, А.А.(43) од Куманово, додека вршел градежни работи на објект од училиште се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар Куманово. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.
ЈА ПРИЈАВИЛЕ ЗА ИСЧЕЗНАТА, ПА СЕ ВРАТИЛА ДОМА – На 14.10.2020 во 15.00 часот во СВР Скопје, С.А.(49) од Скопје пријавила дека нејзината ќерка Ш.А.(14) од Скопје, за која претходно пријавила дека се оддалечила од домот, се вратила дома.