ПРЕГАЗЕНА 67-ГОДИШНА ЖЕНА НА „ТУРИСТИЧКА“ Тешка сообраќајка во Охрид

Жената била пренесена во болницата „Св. Еразмо“-Охрид, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.

1,422

Патничко моторно возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 51-годишен гостиварчанец, вчера околу 13 часот на на бул. „Туристичка“ во Охрид удрило во 67-годишна жена од Охрид, информира полицијата.

Жената била пренесена во болницата „Св. Еразмо“-Охрид, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид, информира МВР.

Поврзани содржини