ПРЕГАЗЕН ПЕШАК ВО ВОЛКОВО Повредениот е пренесен во болница
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Пешак прегазен во Волково. Зад воланот бил повозрасен возач.
– Вчера во 10:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. 60 во с.Волково, скопско, патничко возило „фолксваген фокс“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(73) од Скопје, удрило во пешакот Ц.С.(55) од с.Волково. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, известија од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.