ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ВО СРБИЈА И ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА Се приближува циклон, следуваат поројни дождови и разорни поплави?!

Откако утрово силни невремиња од Јадранот погодија дел од Хрватска, предизвикувајќи поројни дождови, грмежи, град и оркански ветрови, циклонот бргу се движи кон исток и кон југоисток, зафаќајќи го и српскиот регион.

2,282

Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ) издаде итно предупредување поради обилни врнежи кои се очекуваат во текот на ноќта и в вторник, објави Србија данас.

Според прогнозата на РХМЗ, времето ќе биде облачно и нестабилно, повремено со дожд и со локални поројни врнежи проследени со грмежи. Најголемите количини врнежи се очекуваат во западните, југозападните и во централните делови на Србија, каде што во повеќето места ќе наврнат од 15 до 35 милиметри дожд, а локално – особено во западна и во југозападна Србија – и до 40-50 милиметри по квадратен метар, со можност и за поголеми количества.






Овие временски услови може да предизвикаат проблеми во сообраќајот, поплави на пониските терени и создавање на силни и брзи водотеци, особено во чувствителните подрачја.

Откако утрово силни невремиња од Јадранот го погодија дел од Хрватска, предизвикувајќи поројни дождови, грмежи, град и оркански ветрови, циклонот бргу се движи кон исток и кон југоисток, зафаќајќи го и српскиот регион.

Најпогодени се Истра и Далмација, каде што беа забележани и суперќелиски бури, а слична ситуација се очекува и во Босна и Херцеговина – со опасност од град, силни налети на ветар и од над 50 литри дожд по квадратен метар за краток временски период. Урбани поплави и надојдени води не се исклучени.

Од вечерва во Србија започнува сериозна промена – првин во западните и во југозападните краишта, а потоа во текот на ноќта и во останатиот дел од Србија ќе има дожд, силни поројни врнежи и невреме со грмежи. Најинтензивни врнежи се прогнозираат токму за западната половина од земјата, каде што локално може да паднат и над 30 литри дожд по квадратен метар.

Невремето подоцна вечерта и во текот на ноќта ќе го зафати и Белград, носејќи засилени врнежи и грмежи.

Поврзани содржини