ПРЕДНОВОГОДИШНА АТМОСФЕРА НА МУСКУЛИ Ретко кој е „маѓепсан“ од магијата на плоштад (ГАЛЕРИЈА)

Да не се уличните продавачи кои на минувачите им нудат разни украси, светкави балони и жижици, но и да не се тамошните кафулиња чии сопственици вложиле во украсувањето, коментираат скопјани, тогаш главниот град би бил уште помрачен отколку што навистина е.

533

Фоторепортерот на МИА, Дарко Попов, денеска излегол на плоштадот „Македонија“ во главниот град со една единствена цел: да направи магични фотографии и да ја долови магичната атмосфера којашто (треба да) преовладува во центарот на Скопје на само два дена пред најважната ноќ.

Но, таму, за волја на вистината – штама, беда и сивило!






Да не се уличните продавачи кои на минувачите им нудат разни украси, светкави балони и жижици, но и да не се тамошните кафулиња чии сопственици вложиле во украсувањето, коментираат скопјани, тогаш главниот град би бил уште помрачен отколку што навистина е.

Како што може да се забележи и на фотографиите, два-тројца Дедо Мразовци трчкаат на плоштадот и ги молат децата да се фотографираат со нив, додека, пак, сѐ останато е претворено во Луна Парк.

И толку. Задутре е Нова Година. Фала многу, пријатно.

П.С. Градоначалничката Данела Арсовска сѐ уште не ја одржала долгонајавуваната и долгоочекуваната специјална предновогодишна прес-конференција, а скопјани сѐ уште официјално не се поканети на новогодишната забава на плоштад и сѐ уште не се официјално информирани кои музичари ќе ги забавуваат.

Поврзани содржини