ПРЕДНОСТА НА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА И НАТАМУ РАСТЕ Разликата со Пендаровски достигна речиси 160.000 гласови

787

Првичните резултати што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница покажуваат дека од обработени 85,80 проценти од гласовите, односно 3.010 од вкупно 3 508 избирачки места, води кандидаткта на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 306.144 гласови (40,14%), пред Стево Пендаровски од СДСМ со 150.475 гласови (19,73%).

Трет е Бујар Османи од ДУИ со 105.871 гласови ( 13,88%), Арбен Таравари од коалицијата Вреди има 74.571 гласови ( 9,78%), Максим Димитриевски од ЗНАМ има 65.631 гласови ( 8,61%), Билјана Ванковска поддржана од Левица има 33.280 гласови (4,36%) и Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 6.080 гласови (0,80%).

Поврзани содржини