ПРЕДЛОЖИВ ДА ЈА ВРАТИМЕ СМРТНАТА КАЗНА, ПРЕМИЕРКАТА ОДБИ Вучиќ вели дека жали што во младоста бил против воведување ваква мерка

И јас порано бев против смртната казна и горко жалам за тоа, додаде Вучиќ.

1,190

„Ѝ предложив на премиерката(Ана Брнабиќ) да ја вратиме смртната казна, но таа одби затоа што ќе бидеме единствените во Европа покрај Белорусија “, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на денешното обраќање кон нацијата по двата масакри кои се случија во земјата во последните 48 часа, пренесува Н1.

– И јас порано бев против смртната казна и горко жалам за тоа – додаде Вучиќ.






Српскиот претседател го нарече напаѓачот од Врачар „мал монструм“, а Урош Б. кој убиваше во Младеновац „голем монструм“.

Тој исткна дека имало 25 инциденти во земјата во последните два дена, од кои 20 биле лажни повици, дека сите ќе бидат приведени во текот на денот, а дека едно лице кое му продавало оружје на Урош Б. се наоѓа надвор од Србија.

ЌЕ ЈА РАЗОРУЖАМЕ СРБИЈА, ЌЕ ПРАТИМЕ 1.000 ПОЛИЦАЈЦИ ВО УЧИЛИШТАТА Вучиќ најави еден куп мерки, масакрите ги нарече „напад врз Србија“

 

Поврзани содржини