Предлог за велигденскиот карантин: Полициски час од петок во 16 часот до вторник наутро

2,400

Полицискиот час за Велигден би можел да трае од петок попладне до вторник наутро, ова  е една од предложените мерки која ќе се разговара на владина седница, а потоа ќе се размислува дали мерките ќе важат за следните викенди, рече министерот за здравство Венко Филипче на отворена дискусија во Владата заедно со заменик-министерот Арменд Арслани и епидемиолозите од Институтот за јавно здравје Жарко Караџовски и  Владимир Микиќ.

– Каква мерка ќе биде воведена за наредниот продолжен викенд ќе се одлучи на владина седница деновиве. Еден предлог е полицискиот час да трае од петок попладне 16 часот до вторник наутро, што значи уште еден ден би се додал, понеделник – кажа министерот.






Филипче повтори дека нема да биде ист начинот на живот, после намалувањето на рестрикциите, но дека постепено, согласно препораките на Комисијата за заразни болести до стопанските комори, ќе се организира начинот на работа во институциите и претпријатијата.

Поврзани содржини