ПРЕДИЗБОРНИ СТРАСТИ Шофер на градоначалник со багер ќе рушел бензиски?!

Борче Чупетрески под закана, затоа што е на независната советничка листа за Прилеп „Че вреди".

2,312

Во општина Прилеп се разгоруваат страстите пред локалните избори. Последниот пример е оној каде на социјалната мрежа Фејсбук, на многу невкусен начин, Крсте Дукоски, член на СДСМ и шофер на актуелниот градоначалник на Прилеп, лично на сопственикот Борче Чупетрески му се заканил со рушење со багер на неговата бензиска пумпа „БМ Петрол – Црна Река”, која се наоѓа кај автобуската станица.






Според достапните информации од општината, пред неколку дена во Прилеп почнаа да се собираат потписи за независната листа на советници, чија парола е „Че вреди”. Високо на оваа листа се наоѓа и името на газдата на бензиската Чупетрески, кој изминативе пет години според неговите објави бил сериозен поддржувач и финансиер кампањите на владејачкиот СДСМ. Но, откако решил да настапи како кандидат за советник на независна листа, заедно и со други прилепчани разочарани од општинската власт, јавните притисоци врз Чупетрески стануваат сè повидливи.

Toj сепак не го одмолча атакот од шоферот на градоначалникот на Прилеп и во реплика му порачува „ајде Крсте дојди руши ја, само побрзај дур сте на власт, оти после ќе биде касно”.

Поврзани содржини