ПРЕД ПОЛНОЌ СИТЕ НА БЕНЗИНСКА Ова се новите цени на горивата кои се драстично зголемени

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која од полноќ поскапуваат нафтените деривати.

993

Од полноќ ќе плаќаме поскапи горива, објави Регулаторната комисија.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.06.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,50 ден/лит.






Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.06.2024 година и со тоа малопродажната цена на малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 75,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.06.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 76,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,040 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.06.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 46,720 ден/кг.

Поврзани содржини