ПРЕД НАС Е СОНЧЕВ И ТОПОЛ ВИКЕНД Максималните температури до 26 степени

283

Конечно пред нас е еден сончев и топол викенд, прогнозира УХМР.

Денеска (петок, 5 мај) ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови претежно во југоисточните делови ќе има повремен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималните тенмператури ќе бидат до 23 степени.






Во следните два дена ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. В сабота максималната температура ќе достигне 26 степени, а в недела 25 степени.

В недела попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи.

 

Поврзани содржини