ПРЕД 3 ДЕНА СО РАДОСТ НАЈАВИЛ НАСТАП СО ЌЕРКА МУ Наследникот на Арсен Дедиќ замина ненадејно

1,386

Веста дека Матија Дедиќ, познати хрватски џез пијанист и композитор, почина ненадејно на 52-годишна возраст во неделата, го потресе целиот регион.

Неговите колеги и музичката јавност се во шок затоа што тој пред само три дена на социјалните мрежи споделил објава дека со нетрпение очекува во јули да настапи на Фестивалот за џез и блуз во Задар, каде што требаше да настапи заедно со Лена Ковачевиќ и со својата ќерка Лу Дедиќ.






Во таа негова практично последна објава на социјалните мрежи тој не ја криеше радоста за овој настан. Оваа објава повторно стана вирална на интернет, а многу обожаватели оставаа коментари во кои велат дека се скршени од неговото заминување.

– Секако не беше лесно да се биде дете на двајца неверојатни музичари, но беше лесно за Матија бидејќи тој беше третиот, неверојатно талентиран човек од семејството кое ни остави во наследство толку многу музика. Тој остави зад себе прекрасно семејство и огромен шок, тага и неверица. Многу се радувавме на заедничкиот концерт и се слушавме еден од друг во петокот, со нетрпение очекував и Лу Дедиќ, неговата талентирана и убава ќерка, да биде таму. Ќе ни недостига неизмерно Матија Дедиќ – изјави Лена Ковачевиќ за Курир.

Во текот на изминатите неколку години, 23-годишната Лу настапуваше со својот татко Матија на концерти во чест на својот дедо Арсен Дедиќ.

Поврзани содржини