Празникот одбележан со десетици тепачки, изгореа две куќи, локал не почитувал фајронт

1,292

ГО НАПАДНАЛ СО СТАКЛЕН ПРЕДМЕТ На 23.10.2020 во 14,00 часот Е.И. пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари  откако застанал со неговото возило, Д.М. го нападнал со стаклен предмет. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

АГРЕСИВНИ КОН ПОЛИЦАЈЦИ На 24.10.2020 во 01.20 часот во селото Матка, М.С.(22) и Е.Љ.(21) двајцата од Скопје агресивно се однесувале кон полициските службеници. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.






ИЗГОРЕА ДВЕ КУЌИ ВО АРАЧИНОВО На 23.10.2020 во 18.45 часот било пријавено дека во селото Арачиново, Скопско, настанал пожар во куќа сопственост на З.Р.(58), а потоа од пожарот била зафатена и куќата на З.Ќ.(56).
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита и повредени лица нема.

ЛОКАЛ ВО ФРАНГОВО НЕ ПОЧИТУВАЛ ФАЈРОНТ На 23.10.2020, СВР Охрид во соработка со Државниот пазарен инспекторат реализира контроли по угостителските објекти, а во врска со одлуката на Владата за ограничување на работното време на угостителските објекти до 23 часот. Притоа, непочитување на оваа одлука е регистрирана во угостителски објект во струшкото село Франгово, сопственост на Л.Ј. од истото село и против него ќе биде поднесена соодветна пријава од инспекторите на ДПИ.

ТИНЕЈЏЕР НАПАДНАТ ОД НЕКОЛКУ ЛИЦА На 24.10.2020 во 02,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 23.10.2020 околу 22.50 часот на подрачјето на Аеродром 16-годишник од Скопје бил физички нападнат од неколку лица. Се работи на расчистување на случајот.

Ѝ ГИ УКРАЛЕ ПРСТЕНИТЕ На 23.10.2020 во 20 часот М.В.(88) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 15.30 часот едно лице ѝ одзело прстени. Се работи на целосно расчистување на случајот.

ПРЕСМЕТКА ВО ШУТО ОРИЗАРИ На 23.10.2020 во 22.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари  имало нарушен јавен ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу А.М.(21) од Скопје и од друга страна С.У.(33) и А.К.(38) двајцата од Скопје. Сочинет записник за константиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.

НАПАДНАТ БИТОЛЧАНЕЦ На 23.10.2020 во 15,30 часот К.С.(38) од Битола, пријавил дека во Битола, бил физички нападнат од две лица. Се работи на расчистување на случајот.

НАРУШЕН РЕД ВО ВЕЛЕС На 24.10.2020 во 01.40 часот било пријавено дека во Велес бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу Џ.Е.(20) и Н.Л.(25) од една страна и М.А.(24) и Ј.А.(31) од друга страна. По целосното расчистување ќе следи соодветен поднесок.

ТЕПАЧКА ВО ГОСТИВАР На 24.10.2020 во Полициската станица Гостивар Б.Б.(21) од селото Форино, Гостиварско, пријавил дека на 23.10.2020 околу 23.40 часот во Чегране пред угостителски објект бил физички нападнат од А.Н.(29) и И.А.(28) двајцата од Чегране. Се работи на расчистување на случајот.

НАПАДНАТИ ТАТКО И СИН На 23.10.2020 во 13,05 часот Е.Н.(40) од селото Доброште пријавил дека во тој и неговиот татко М.Н.(56) биле физички нападнати од А.Н.(47). По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

ЖЕНА НАТЕПАНА ВО ТЕТОВО На 23.10.2020 во 14,25 часот В.С.(56) од Тетово пријавила дека истиот ден околу 14 часот во Тетово била физички нападната од Џ.Л.(63) од Тетово. Се работи на целосно расчистување на случајот.

ПРИВЕДЕН УГОСТИТЕЛ На 24.10.2020 околу 00.40 часот во селото Мала Речица, Тетовско од полициски службеници од СВР Тетово бил лишен од слобода Ш.А.(48) од Мала Речица затоа што неговиот угостителски објект работел повеќе од дозволеното време за работа и во него биле затекнати поголем број гости. Се работи на расчистување на случајот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Поврзани содржини