Светилките на највисоката елка во Ист гејт мол ќе се запалат свечено на 8 декември во 18 часот заедно со Андријана Јаневска и со детскиот хор. Поканета е целата јавност да ужива во најубавата новогодишна атмосфера, бои и светилки, и да ги направи првите фотографии со украсениот мол и со елката.
Ист гејт мол ја најави и програмата за новогодишните празници со новогодишен базар од 16 до 31 декември во амфитеатарот на Ист гејт мол, со богата музичка и детска програма, како и со новогодишни активности со Дедо Мраз, работилници за деца, цела недела Лего креации со бројни награди и изненадувања.
Програмата можете да ја најдете овде: https://eastgatemall.mk/new-year-bazaar/
Најубавата новогодишна атмосфера е во Ист гејт мол. Бидете тука!