ПРАВЕЛЕ ЖУРКИ ДОДЕКА МАКЕДОНИЈА ТАГУВА Приведени двајца менаџери за непочитување на деновите на жалост
Во текот на вчерашниот ден во угостителски објекти каде тие се одговорни лица била пуштена музика односно не била почитувана одлуката на Владата за седумдневна жалост. Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и одговорните лица се лишени од слобода, велат од МВР.
Двајца одговорни во угостителски објекти во општина Центар во Скопје се приведени синоќа бидејќи била пуштана музика во деновите на жалост информираше Министерството за внатрешни работи.
„На 21/22.03.2025 во Скопје, во угостителски објекти на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.А.(26) од скопско и В.В.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 387 од Кривичниот законик. Во текот на вчерашниот ден во угостителски објекти каде тие се одговорни лица била пуштена музика односно не била почитувана одлуката на Владата за седумдневна жалост. Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и одговорните лица се лишени од слобода, а по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави во врска со чл. 387 од КЗ“, се вели во соопштението од МВР.
Претходно, полицијата приведе и двајца 18-годишници кои правеа огномет на роденденска забава во ресторан во градскиот парк ов Скопје.
Владата прогласи седумдневна жалост поради трагедијата во Кочани.Во овој период, угостителските објектие треба да работат без музка, медимите треба да ја прилагодат програмата, а откажани се сите култирни и спортски манифестации.