ПРАВЕЛЕ ПРОСЛАВА И ЗАРАБОТИЛЕ КРИВИЧНА – СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Ф.(40) од Радовиш, Е.Џ.(44), Ш.И.(32), Б.Ј.(37), М.М.(37), М.Ј. (42), Б.Ј.(33), сите шест од Струмица и В.С.(34) од с.Еднокуќево – Босилево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“. На 18.10.2020 во Радовиш, пред куќата на М.Ф., се одржувала семејна веселба. При преземање на мерки, полициски службеници констатирале дека сите пријавени постапиле спротивно на прописите и наредбите предвидени од страна на Владата за време на пандемија.
КАЗНА ЗА СОПСТВЕНИК НА ЛОКАЛ КОЈ РАБОТЕЛ ПО 21 ЧАСОТ – СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.И.(31) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 05.11.2020 во 22.15 часот, полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект во Тетово, сопственост на пријавениот, при што било констатирано дека објектот работи и во него имало повеќе гости послужени со пијалаци. На тој начин пријавениот постапил спротивно на одлука на Владата на Република Северна Македонија која се однесува на ограничување на работата на угостителските објекти, барови и кафетерии до 21.00 часот.
ФАТЕНИ МИГРАНТИ ВО ТЕТОВО – На 07.12.2020 околу 09.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 08.30 часот во товарно возило – влекач со полуприколка, со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал и во кругот на Царинскиот терминал во Тетово го паркирал З.Д.(50) од Гевгелија, се наоѓаат непознати лица-мигранти. На местото веднаш излегле полициски службеници од СВР Тетово и во возилото биле затекнати пет лица од Либија: Р.Б.(23), М.А.(22), Ј.Ш.(22), О.М.(22) и О.Б.(16), кои со себе немале никакви документи за идентификација. Петмината мигранти биле приведени во Полициската станица Тетово и ќе бидат предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.
СКОПЈАНЕЦ ФАТЕН ВО КРАЖБА – На 06.12.2020 полициски службеници од ОВР Прилеп од слобода го лишиле Б.С.(66) од Скопје, поради сомнение за сторени кривични дела „кражба“.По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ И ПОТЕШКО БИЛ ПОВРЕДЕН – На 06.12.2020 во 13.45 часот било пријавено дека на регионалниот пат Штип-Аргулица, атар на с.Таринци, патничко возило „форд“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(32) од Штип, излетало од коловозот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот Д.Ш.(34) од Штип се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип.
НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЈЦИ – На 06.12.2020 во 11.50 часот во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода Р.К.(24) од Дебар, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно докумнетирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
НАМЕСТО ВО ИЗОЛАЦИЈА, ШЕТАЛ НИЗ ТЕТОВО – СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.А.(64) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест“. На 16.11.2020, полициски службеници не го пронашле пријавениот во домот каде престојувал и покрај тоа што имал Решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат за задолжителна изолација.
ГО НАПАДНАЛ ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ВО КАЗИНО, ПА ГО ПРЕТЕПАЛЕ – На 07.12.2020 во 04.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Н.С.(33) од с.Љубин, скопско, пријавил дека бил физички нападнат од неколку лица од обезбедување во казино во трговски центар во Скопје. Според пријавеното, тој со остар предмет повредил еден од напаѓачите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ВО СООБРАЌАЈКА НЕКОЛКУ ПОВРЕДЕНИ ЛИЦА ВО СТРУШКО – На 06.12.2020 во 20.25 часот било пријавено дека на регионалниот пат кај с.Калишта, струшко, патничко возило „ауди а6“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.Ф.(21) од с.Шум, струшко, излетало од патот. Во незгодата сопатникот И.А.(22) од с.Франгово се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден сопатник Ф.Б.(22), констатирани во Медицинскиот центар Струга. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Струга.
ПУКАЛЕ СО ПИШТОЛ И ОШТЕТИЛЕ ВОЗИЛА – На 06.12.2020 околу 22.00 часот во СВР Скопје, А.К.(46) од Скопје пријавил дека, додека бил заедно со Л.К.(37) во нивниот двор на ул.„Цветан Димов“, Е.З.(44) од Скопје, кој бил заедно со М.Л. и С.Л., со пиштол испукал неколку проектили. Повредени лица нема, а полициски службеници излегле на местото на настанот и било констатирано дека биле оштетени три возила. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ЗАПАЛЕНИ ДВЕ ВОЗИЛА ВО СКОПЈЕ – На 07.12.2020 во 04.26 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Есперанто“ настанал пожар во две патнички моторни возила: „мерцедес“, сопственост на М.З.(50) од Скопје и „хјундаи пони“, сопственост на П.Т.(53) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Извршен бил увид.
ПРОНАЈДЕНО ПОЧИНАТО ЛИЦЕ ВО БИТОЛА – На 06.12.2020 во 08.25 часот во СВР Битола било пријавено дека во поранешниот интернат бил пронајден починат С.И.(41) од Битола. Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт без видливи траги на насилство. Увид извршила екипа од СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено за обдукција.