Правел веридба во двор и заработил казна, четири лица пукале во куќа во Скопје

Пријавила напад од нејзината колешка.

646

ПРАВЕЛ ВЕРИБА ВО ДВОР И ЗАБОТИЛ КАЗНА – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ф.Џ.(37) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”. На 17.10.2020 пријавениот, во дворното место на својот дом и надвор од него, организирал прослава по повод свршувачка, на која поканил и присуствувале поголем број лица.

ФАТЕН КРАДЕЦ НА ДРВА – На 02.11.2020 околу 16.00 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, на превојот „Стража“, од слобода бил лишен И.Б.(40) од тетовското село Желино. При контрола на товарно возило „мерцедес“, со тетовски регистарски ознаки, управуван од приведениот, било констатирано дека тој превезувал поголема количина огревно дрво од количината наведена во испратницата.






МОМЧЕ НАПАДНАТО ПРЕД РЕСТОРАН – На 02.11.2020 во 22.50 часот во СВР Скопје, Б.Н.Д.(25) од Скопје пријавил дека околу 22.10 часот пред угостителски објект на подрачје на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИЗЛЕГОЛ И НЕ СЕ ВРАТИЛ ДОМА – На 02.11.2020 во 09.20 часот во СВР Куманово, Д.Ј.(40) пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот брат З.Ј.(51) од с.Липково, кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

КРИВИЧНА ЗА ДИЛЕР ОД СВЕТИ НИКОЛЕ – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против И.С.(42) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 12.08.2020 полициски службеници извршиле преглед над Е.Т.(29) од Свети Николе, при што пронашле и одзеле хероин, за кој подоцна било утврдено дека го купил од пријавениот.

ИМ НАШЛЕ МАРИХУАНА ВО ВОЗИЛОТО – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против С.М.(48) и З.С.(28), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 27.10.2020 на ул.„Партизански одреди“ во Кичево, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „мерцедес“, управувано од З.С., во кое сопатник бил С.Р., кај кого била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, бил извршен претрес во дом и други простории на З.С., при што била пронајдена и одземена марихуана. По преземени мерки било утврдено дека З.С. марихуаната ја набавил од пријавениот С.М., додека С.Р. марихуаната ја купил од З.С..

ИСЧЕЗНАЛО ЛИЦЕ СМЕСТЕНО ВО ДОМ ЗА СТАРИ – На 02.11.2020 во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека од приватна установа за заштита на стари лица во с.Волково, скопско, се оддалечил нивниот штитеник В.В.(63), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

ГО ФАТИЛЕ СО МАРИХУАНА – Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.С.(28) од с.Дебреше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 25.01.2020 на ул. ,,101“ во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед над патничко возило „рено“, управувано од пријавениот А.С., при што пронашле и одзеле марихуана.

ЧЕТИРИ ЛИЦА ПУКАЛЕ ВО ДОМОТ НА СКОПЈАНЕЦ – На 03.11.2020 околу 00.15 часот во СВР Скопје, А.К. пријавил дека на ул.„Цветан Димов“, од страна на М.Р., Е.Ф., Е.Ф. и Е.З., сите од Скопје, било пукано кон неговата куќа. Според пријавеното, од пукањето нема повредени лица, а оштетено било неговото патничко возило „рено“, со скопски регистарски ознаки. Полициски службеници излегле на местото и извршиле увид, при што биле пронајдени и подигнати пет чаури. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

КОЛЕШКАТА ЈА НАТЕПАЛА – На 02.11.2020 во 12.30 часот во СВР Скопје, А.Д.(44) од Скопје пријавила дека околу 09.30 часот, во објект на ул.„Даме Груев“, била физички нападната од нејзина колешка Е.П.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СО ПИШТОЛ ОГРАБИЛ БЕНЗИНСКА – На 02.11.2020 околу 05.30 часот во СВР Велес било пријавено дека во бензинска пумпа во Велес едно лице со закана со пиштол од вработениот Ѓ.Ц. (29) од Велес, одзел пари. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини