Пратеникот Тимчо Муцунски се судри со собраниските служби: Не му дозволиле со тротинет да влезе во парламентот

6,243

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, пред почетокот на првата собраниска седницата се пожали дека имал непријатно искуство со собраниските служби затоа што не му дозволиле да го внесе  својот тротинет во собраниската зграда.

„Сакав да дојдам со мојот електричен тротинет, но службите ме информираа дека не може да се внесе во салата. Ние треба да поставуваме пример и наместо Собранието да исплаќа илјадници евра за патни трошоци, ајде да видиме и да разговараме како да ја заштитиме животна средина и Собранието да се отвори кон тие алтернативни модели на превоз“, рече Муцунски во изјава за ТВ 24.






Поврзани содржини