(ОБНОВЕНО) ПРАТЕНИКОТ ТАНЕВСКИ ДЕМАНТИРА ДЕКА ГО УСЛОВУВАЛ КОВАЧЕВСКИ Никогаш не сум дал таква изјава, ги поддржувам процесите во СДСМ
Доколку Димитар Ковачевски го остави Наумче Јованоски-Чакар за претседател на ОО СДСМ-Охрид и доколку таму останат слугите на Чакар, јас ќе бидем 61-от пратеник кој ќе се приклучи на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, изјавил за Охридскај пратеникот Лазе Таневски.
Ги демантирам објавените невистини, не е точно ниту дека сум дал изјава за охридски портал ниту, пак, објавената содржина, пишува на својот Фејсбук, Лазе Таневски, пратеник на СДСМ.
„Како пратеник на СДСМ силно ги поддржувам сите процеси во Собранието кои ги водиме заедно со новото стабилно парламентарно мнозинство, во интерес на граѓаните, а ги поддржувам и процесите во СДСМ. Тоа нема да се промени ниту во иднина, бадијала се лажните вести“ напиша Таневски.
Инаку, порталот Охридскај вечерва објави дека пратеникот изјавил дека ќе биде 61-от пратеник на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доколку лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, го остави Наумче Чакар на позицијата претседател на Општинската организација на СДСМ во Охрид.