Пратеникот Лазе Таневски од Охрид позитивен на коронавирусот

690

Пратеникот од владејачката СДСМ, Лазе Таневски од Охрид е позитивен на коронавирусот. Тој на социјалните мрежи објави дека е заразен со вирусот, а неговото семејство се тестирало и сите се негативни.

„Сакам да ве информирам дека поради приватно неодложно патување, самоицијативно направив тестирање на ковид-19. За жал, и покрај почитувањето на сите мерки и протоколи од моја страна, истиот е позитивен. Воедно сакам да ве известам дека членовите од моето семејство се тестираа и сите се негативни. Јас се чувствувам добро и немам никакви симптоми. Мерката за изолација ќе ја испочитувам како и сите други граѓани на нашата земја. Со сето ова кажано чувствувам голема одговорност уште еднаш да упатам апел до сите и да ја нагласам сериозноста на вирусот и можноста за зараза со молба да бидете максимално внимателни.Со желба за побрзо оздравување и позитивни мисли Ве поздравувам. Се гледаме наскоро“, напиша Таневски на Фејсбук.

Поврзани содржини