Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ за Апасиев: Лажен Че Гевара, со хонорари од СЈО, седи во скутот на Заев
Нејзиниот лидер Димче Апасиев е човекот кој беше советник во криминалното СЈО. Од соборец на Заев до советник на Катица е неговата кариера во политиката. Од друга страна лажниот Че Гевара на Заев покрај тоа што е истурена маша, е и лажен револуционер, коментира Петрушевски.
Левица е понтонскиот мост на Заев во опозицијата. Главна задача на Левица е глумењето на опозиција и нејзино слабеење, реагира вечерва на Фејсбук Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО ДПМНЕ, откако претходно лидерот на Левица изјави дека опозициската партија ќе биде колетерална штета со измените во Изборниот законик.
– Нејзиниот лидер Димче Апасиев е човекот кој беше советник во криминалното СЈО. Од соборец на Заев до советник на Катица е неговата кариера во политиката. Од друга страна лажниот Че Гевара на Заев покрај тоа што е истурена маша, е и лажен револуционер. Че Гевара од човек со хонорари од СЈО, потопен во лукзус и раскош седејќи во скутот на Заев, не бива. Од тука па во иднина ставовите на Левица треба да се гледаат како ставови кои се на услуга на Заев – вели Петрушевски.
Според него задачата на Левица е да му послужи на Заев како фиктивна опозиција која треба да го раздели опозициското ткиво.
– Апасиев и Левица се најпосакуваното нешто на Заев. Впрочем ,таквата лажна опозиција, се што правеше изминатиов период е пишување статуси на фб, по некоја пцовка, соблазнување, и празна реторика. Тоа е понудата на ваквата лажна опозиција – вели Петрушевски.