ПРАТЕНИЦИТЕ ИТНО СОБРАНИ НА СЕДНИЦА Треба да го одобрат новото одложување на рокот за изградба на автопатот Кичево – Охрид

Причина за пролонгирање на рокот за изградба се 13 нови свлечишта што се појавија на трасата, како резултат на првичниот несоодветен проект и предвремен почеток на изградба на оваа делница - информира владината прес-служба во соопштение по седницата.

558

Собранието ќе одржи итна седница за Предлог законот за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, по скратена постапка, предложен од Владата.

Како што информираат од Кабинетот на претседателот на Собранието Јован Митрески, седницата ќе се одржи по барање на група пратеници од опозицијата и од мнозинството. Седницата е закажана за 13.30 часот.






Владата предлага до крајот на 2026 година да се пролонгира рокот за завршување на автопатот Кичево-Охрид, со тоа што ќе се потпише нов шести по ред анекс договор со кинески „Синохидро“.

– Со утврдените законски дополнувања, 31.12.2026 година се предвидува како краен рок до кога изведувачот треба да ги заврши работите на оваа автопатска делница. Причина за пролонгирање на рокот за изградба се 13 нови свлечишта што се појавија на трасата, како резултат на првичниот несоодветен проект и предвремен почеток на изградба на оваа делница – информира владината прес-служба во соопштение по седницата.

Од Министерството за транспорт и врски информираа дека со предложените законски дополнувања за продолжување на рокот за изградба нема да има финансиски поместувања, односно останува инвестицијата да изнесува 598 милиони евра лало што е договорено со претходниот анекс на договорот.

Автопатската делница Кичево-Охрид на Коридорот 8 почна да се гради во февруари 2014 година. Изградбата на автопатот со вкупна должина од 57 километри првично беше проектирана на 374 милиони евра, а по неколку анекси на договорот и продолжувања на роковите неговата цена достигна 598 милиони евра.

Поврзани содржини