ПРАТЕНИЦИТЕ ЌЕ „ИГРААТ“ СПОРЕД ПОИНАКВИ ПРАВИЛА Џафери го поднесе новиот предлог-деловник на Собранието

Во Предлог деловникот е предвидено одредбите да почнат да се применуваат од наредниот пратенички состав што всушност придонесе многу во донесувањето на непристрасни решенија со консензус и за пратениците од власта и за пратениците во опозиција, велат од Собранието.

1,053

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска во редовна собраниска процедура го поднесе Предлог деловникот за работа на Собранието, кој, како што информираат од собраниската прес-служба, е производ на повеќегодишна посветена работа на учесниците во процесот на Дијалогот Жан Моне.

Во Предлог деловникот е предвидено одредбите да почнат да се применуваат од наредниот пратенички состав што всушност придонесе многу во донесувањето на непристрасни решенија со консензус и за пратениците од власта и за пратениците во опозиција, велат од Собранието.






Предлогот, како што посочуваат, е веќе доставен до пратениците во писмена и во електронска форма, а ќе биде предложен за прво читање како дополнение на дневниот ред на 127-та пленарната седница закажана за 3 октомври 2023 година.

Поврзани содржини