ПРАТЕНИЦИТЕ ДА ГИ ОТКАЖАТ ПАТУВАЊАТА КОИ НЕ ИМ СЕ НЕОПХОДНИ Џафери се огласи по немањето кворум на денешната седница

На денешната седница наместо 85 потпишани, во салата беа присутни 58 лица. Џафери истакна дека секогаш е подготвен да ги започнува седниците на време, доколку пратениците се присутни во салата.

649

Пратениците да ги откажт сите патување кои не им се неопходни месецов за Собранието да може непречено да работи им порачал претседателот на Собранието, Талат Џафери на дел од лидерите на политичките партии со кои имаше средба откако денеска немаше кворум на 79-тата собраниска седница. Наместо 85 потпишани, во салата беа присутни 58 лица.

– Со ваквото однесување се покажува дека за одредени пратеници, приоритет е нешто друго, а не практикување на мандатот којшто им е доверен од граѓаните – рече Џафери.






Тој кажал дека е секогаш подготвен седниците да ги започне на време, доколку пратениците се присутни во салата. Нагласил и дека доколку има какви било разлики во одредени ставови внатре во коалицијата, истите треба да се решат на друго ниво, не во пленарната сала.

Поврзани содржини