Пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска вечерва објави дека е позитивна на коронавирусот.
На својот фејсбук профил, Петровска објави дека „попладнево ненадејно добила покачена температура и омалаксаност додека била на седница на Собрание. Поради тоа се тестирала,а резулатот бил позитивен. Изминативе денови пратеничката имала ограничено движење и физичко присуство на состаноци, каде постојано носела заштитна маска.
– Ги почитував правилата, но очигледно е дека имало момент на невнимание. Ве замолувам бидете внимателни, болниците се преполни, лекарите изморени, а ние сме лесни ранливи. Чувајте се – напиша на ФБ профилот.