Пратеничка од СДСМ позитивна на корона дојде во Собрание во скафандер
„Позитивна сум на ковид-19, но добро се чувствувам, со силна одлучност денес да победи народот. Нема да дозволиме уцени!“, напиша пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска на Фејсбук објавувајќи фотографија од себе во скафандер.
Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна ковид-19 опрема за да учествувам на денешната седница на која ќе ги усвоиме законите кои обезбедуваат финансиска помош за илјадници граѓани и компании, соопшти преку својот профил на Фејсбук, пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска.
„Позитивна сум на ковид-19, но добро се чувствувам, со силна одлучност денес да победи народот. Нема да дозволиме уцени! Мојата должност како пратеничка е постојана и благородна. И здрава и болна, имам обврска да направам сѐ граѓаните да ја добијат помошта која Владата ја обезбеди за нив. А, ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата можат и понатаму да прават сѐ што намериле против народот – но џабе им е, денес ќе ја завршиме работата. Граѓаните ќе победат и уште еднаш ќе видат колкава разлика има меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, односно меѓу тоа да правиш сѐ за народот и да правиш сѐ против народот“, напиша таа на Фејсбук објавувајќи фотографија од себе во скафандер.