ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЌЕ ТРЕБА НИЕ ДА ЈА УНИШТИМЕ? Бугарија, сепак, ќе ни донира вакцина пред истекување на рокот на употреба

Донација се состои од 51.480 дози од вакцината „Фајзер“, а денеска ја одобри и бугарскиото собрание.

3,364

Бугарското собрание  ја ратификуваше спогодбата за донација на 51.480 дози од вакцината „Фајзер“ на земјава. Вакцината, според информациите од бугарските медиуми има рок на користење до  30 септември. Сепак не се знае кога оваа вакцина ќе стигне во земјава и дали ќе биде употребена до рокот на употреба или ќе треба ние да ја уништиме.

Бугарскиот министер за здравство Стојчо Кацаров на седницата рекол,  ако не биде денес изгласана ратификација, вакцините нема да можат да ѝ бидат донирани  на С Македонија.






– Конкретно за Северна Македонија, изборот е дали да ги уништиме или да ги подариме, затоа што на вакцините им истекува рокот до крајот на септември – изјави Кацаров.

Кацаров призна дека донацијата требало да се изврши во јуни, но дека во тоа не се успеало поради сложени процедури.

Кога беше најавена оваа донација од техничката бугарска влада на 1 септември, беше кажано дека Бугарија има вишок од 2,8 милиони вакцини против ковид-19.

Уште кон крајот на минатата година официјална Софија ѝ вети на Македонија дека ќе ѝ донира извесна количина на вакцини од секоја пратка што ќе ја добие, а тоа лично го слушна и македонскиот министер за здравство Венко Филипче кој на 22 декември присуствувал на седница на бугарската влада.

 

Поврзани содржини