ПРАКСА ВО БРАКО Идните заварувачи и техничари се обучуваат на најнови машини

Учениците кои се запишани на смеровите „техничар за производно машинство“ и „заварувач“, преку практичната настава дознаваат како изгледа производството во една фабрика: од влезна суровина, текот на производниот процес, до финален производ.

46

Вкупно 29 ученици од средното стручно училиште „Коле Неделковски“ од Велес изведуваат практична настава во фабриката Брако. Учениците кои се запишани на смеровите „техничар за производно машинство“ и „заварувач“, преку практичната настава дознаваат како изгледа производството во една фабрика: од влезна суровина, текот на производниот процес, до финален производ. Притоа, се обучуваат да ја применуваат и најсовремена технологија која компанијата редовно ја обезбедува во своите погони.

Веќе трета година Брако е вклучено во проектот ,,Дуално образовани“, кој овозможува теоретска и практична настава, и кој од стопанството се смета за вистински чекор кон создавање на добро обучени и остручено кадри за кои индустријата има потреба.






„Проектот за дуално образование“ се спроведува во соработка со Министерството за образование и наука и Делегацијата на германското стопанство.

Поврзани содржини