КРИВИЧНА ЗА НАСТАВНИКОТ ШТО НАПАДНА УЧЕНИК Го застрашувал и го навредувал детето

С.М. на 17 месецов во 8:50 часот, во просториите на подрачното основно училиште каде бил наставник, физички нападнал ученик, го застрашувал и навредувал.

92

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против наставник од село Броштица, општина Центар Жупа, кој физички нападнал ученик.

– Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „малтретирање во вршење на службата“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.М. (62) од селото Броштица, општина Центар Жупа – информира Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид.






Тој додаде дека С.М. на 17 месецов во 8:50 часот, во просториите на подрачното основно училиште каде бил наставник, физички нападнал ученик, го застрашувал и навредувал.

Подрачното училиште во село Броштица функционира во рамки на Општинското основно училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ – Центар Жупа, а настава следат ученици од прво до деветто одделение.

Поврзани содржини