Познато ви е тоа да сте сами на плажа, а нема кој да ви го намачка грбот? Епа оваа дама најде решение за тоа (ВИДЕО)
Една дама пронајде решение за овој проблем и донесе необична „алатка“ на плажа.
Снаодливата дама беше сама на плажа, па не можеше да замоли никого да и нанесе крема за сончање на грбот.
Заштитата од сонце е важна, секој го знае тоа. Но, што ако не можете да прашате некој да ја размачка кремата за сончање на вашиот грб? Една дама пронајде решение за овој проблем и донесе необична „алатка“ на плажа.
На Фејсбук страницата „Crazy Croatia“ се појави видео во кое снаодлива жена нанесува крема на својот грб – со валјак за боење. На објавата има околу 5.600 лајкови и скоро 4.000 коментари.
„Жените секогаш се снаоѓаат “, „Колку чини молерисување по квадрат?“, „Честитки за идејата, ова ќе биде летен хит“, „Жената си најде решение кога нема никој да и го размачка грбот“, „Полна плажа, и никаде кавалер“, „Јас ќе одам да купам валјак денес“, се само некои од реакциите.