Познатиот порно-актер обвинет за над 20 сексуални напади, му за заканува затворска казна од 250 години

549

Поранешниот порно-актер Роналд Џејмс Хајат, попознат како Рон Џереми (67), беше обвинет за 20 нови случаи на силување и сексуални напади во понеделникот, а една 15-годишна девојка е меѓу жртвите, соопшти обвинителството во Лос Анџелес.

Џереми, кој е рангиран меѓу 50-те порно-sвезди на сите времиња, беше обвинет во јуни за силување на три жени и сексуално злоставување на уште една жена во 2014 година.






Новите обвиненија ги поднесоа уште 17 наводни жртви, кои се на возраст меѓу 15 и 54 години, а сето тоа се случи во периодот од 16 години од неговиот живот.

Џереми, кого во порно-светот го нарекуваа и Еж, во понеделникот се изјасни за невин.

„Одвај чекам на суд да ја докажам својата невиност. Ви благодарам на сите на поддршката, напишал на Твитер поранешниот порно-актер.

Ако биде прогласен за виновен, Џереми се соочува со можна затворска казна од повеќе од 250 години.

Џереми се појави во над 2.000 филмови за возрасни, а кариерата ја започна во 1970 година.

ФОТО: AP

Поврзани содржини